Ѓоковиќ: Би сакал јас и Рафа по крајот на кариерата да бидеме пријатели

По победата над Александар Ковачевиќ во првото коло на Ролан Гарос, Ѓоковиќ во интервју за зборуваше заа односот со неговиот голем ривал Рафаел Надал.

Речиси две децении Новак и Рафа ги водат тениските битки, а досега одиграа 59 меча, по кои Србинот води со 30-29 во победи.

„Ова беше одличен период во историјата на тенисот. Тројката во која сме со Роџер и Рафа и секако не заборавајте на Енди Мареј, бројот на натпревари што ги одигравме еден против друг, ерата на нас четворица.  И сега Роџер го нема, а Рафа најави дека му е последна сезона, тешко е тоа да се прифати. Од моја гледна точка, тоа е многу необично чувство за мене, ми беше чудно кога Рафа го објави тоа. Го гледав повеќе од моите родители во изминатите 20 години. Долго време ја делевме сцената, тоа е врската. Иако сме ривали и не сме поминале многу време заедно, би можеле да развиеме пријателство, за кое навистина се надевам, кога ќе завршат нашите кариери. Тој исто така продолжува да биде составен дел од мојата кариера. Навистина сум благодарен за сите тие натпревари што ги одигравме и за нашето ривалство “, изјави Ѓоковиќ.

Се вчитува...