Ѓоковиќ бил избркан од училиште: Ни велеа дека ќе остане неписмен…

Новак Ѓоковиќ никогаш немаше да стане еден од најдобрите спортисти на сите времиња доколку не беа жртвите што Србинот ги правеше уште од најраното детство.

На таа тема говореше и неговата мајка Дијана Ѓоковиќ, која во интервју за подкастот „Sport light” обелодени дека Новак дури и бил избркан од училиште, бидејќи не биле прифатени неговите аргументи за отсуство од часовите.

„Јас бев таа што трчаше кај учителките и класните раководители. Многу пати бев осудувана од нив што моите деца повеќе време минуваат надвор од клупата отколку во училиштата. Ми велеа дека децата ќе ми останат неписмени, необразовани. Горда сум што Новак на сите им покажа дека не биле во право. Доживеавме тој дури и да биде избркан од училиште. Беше тоа една спортска гимназија, на чиј директор директно му кажав дека таму нема ниту С од спорт. Отидов пред дисциплинска комисија, да им објаснам како мојот син мора да тренира кај Никола Пилиќ во Германија. Не ми ги прифатија аргументите, инсистираа да доаѓа редовно на настава и на крајот го избркаа од училишитето“, откри Дијана Ѓоковиќ.

Се вчитува...