Ѓоковиќ до Федерер: Дојди да играме за рекордот на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ продолжи со импрессивните изданија на Вимблдон откако славеше над Риндекнеш за пласман во осминафиналето на Вимблдон, но што е уште поважно – израмнување на рекордот на Роџер Федерер за најмногу победи во историјата на најпрестижниот тениски турнир.

Ѓоковиќ сега има 105 победи и се наоѓа рамо до рамо со Федерер во оваа категорија, рекорд што може да го урне доколку успее да слави на наредниот меч на кој за противник ќе го има Саифулин од Русија.

Видно расположен, тој по мечот јавно го предизвика некогаш големиот ривал – да ја скрати пензијата и да дојде на меч на Вимблдон.

„Посебно е чувството да испишувам историја овде, бидејќи Вимблдон е турнирот на кој сонував да играм и да победувам уште од дете. Затоа и чувствував нешто поголем притисок од вообичаено, но среќен сум што го стигнав Роџер. Еве една идеја – нека дојде овде за да играме еден против друг за рекордот на Вимблдон, кој прв ќе стигне до таа 106. победа. Навивачите сигурно ќе уживаат ако јас и тој повторно ги одмериме силите“, со насмевка коментираше Ѓоковиќ.

Се вчитува...