Ѓоковиќ доби прашање за Косово: Верувам во тоа што го реков!

Новак Ѓоковиќ со максимални 3-0 во сетови го совлада Фучович и се пласираше во третото коло од Ролан Гарос, по што српскиот тенисер на прес-конференцијата повторно доби прашање за својот став на Косово.

Големиот ас веднаш по својата прва победа во Париз на камерата пред заминување од стадионот наместо автограм напиша „Косово е срцето на Србија“, за што доби огромна поддршка од својата држава, но и предупредување од организаторот дека тоа не смее да го повтори.

„Не се грижам за тоа што го реков. Свесен сум дека некои луѓе можеби не се сложуваат со мене, но така е… Јас верувам во тоа што го реков. Гранслем турнир без драма – тоа тешко дека може да ми се случи. Немам веќе коментар на оваа тема, реков се што имав“, одговори Ѓоковиќ.

Се вчитува...