Ѓоковиќ добро се испоти, но го најде лекот за Ву

Новак Ѓоковиќ по голема борба успеа да ја мине првата пречка на Вимблдон, триумфирајќи над Ву од Кина со 3-1 во сетови. На хартија српскиот тениски великан важеше за огромен фаворит, но кинескиот ас се покажа во одлично светло и со 54 винер-удари му создаде многу проблеми на Новак.

Ѓоковиќ стигна до брејк на самиот почеток и го доби првиот сет со 6-4, но Ву возврати во вториот, славејќи со 5-7 и израмнувајќи на 2-2 во сетови.

Во третиот сет се водеше беспоштедна борба во која Ѓоковиќ пред крајот стигна до брејк за 5-4, потоа спаси брејк топка на противникот и славеше со 6-4. Српскиот тенисер се соочи со кризни моменти на свој сервис во неколку ситуации во четвртиот сет, успеа да преживеаа, а на спротивната страна искористи брејк шанса во клучен момент, поведе со 5-4 и на крајот славеше со конечни 6-4, за вкупно 3 часа и 10 минути игра.

Следен противник на Ѓоковиќ во второто коло на Вимблдон ќе биде Гркот Стефанос Циципас, кој денеска лесно со 3-0 во сетови славеше над квалификантот Гастон.

Се вчитува...