Ѓоковиќ два и пол часа се „мачеше“ да влезе во второто коло на Ролан Гарос

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, се пласираше во третото коло на Ролан Гарос, откако со 3:0 го совлада Александар Ковачевиќ од САД. Иако резултатот делува убедлив, сепак, Србинот мораше да се „мачи“ повеќе од два и пол часа за да се пласира во следната рунда.

Ѓоковиќ го почна мечот и првиот сет го доби со 6:3. Во вториот беше уште поубедлив и со два брејка лесно стигна до 5:1, а потоа и до конечни 6:2.

Сепак, третиот сет доста го „намачи“ Ѓоковиќ кој по брзиот брејк дојде до 2:0. Меѓутоа Ковачевиќ се врати и дојде до 3:3, па Ноле дојде и до 5:3. При 5:4 за Србинот, сервираше за добивање на сетот и мечот, но изненадувачки противникот се врати и израмни на 5:5.

Сепак, во тај-брејкот Ѓоковиќ брзо дојде до 3-0, и до крајот не дозволи изненадување, за конечни 7-3 со што со 3-0 го доби дуелот.

Во второто коло се пласираа и: Де Минор, Шаповалов, Нори, Варилас, Шварцман, Етчевери, Карацев, Баутиста и Фоњини.

Се вчитува...