Ѓоковиќ е херојот на Србија, ја одведе до титулата во АТП Купот

Репрезентацијата на Србија е освојувач на трофејот во АТП Купот. Клучната победа за успех во првото изднаие во ваквиот формат на репрезентативното натпреварување, Србите го направија со победата во двојки со 2-0 во сетови и така обезбедија вкупни 2-1 во финалето со Шпанија. На српската двојка и требаше нешто повеќе од еден час за триумфот.

Новак Ѓоковиќ очекувано беше херој на српскиот состав. Тој прво израмни на 1-1 во победи добивајќи ја втората сингл пресметка на денот со Рафаел Надал во два сеата, а потоа беше и дел од тандемот заедно во Виктор Троицки кој го обезбеди триумфот. Шпанците поведоа со победата на Роберто Баутиста-Агут над Душан Лајовиќ.

Рафаел Надал откао загуби од Ѓоковиќ се повлече и од дуелот во двојки иако беше најавен во тандем со Карено Буста. Неговто место го зазеде Фелицијано Лопез.

Се вчитува...