„Ѓоковиќ е негативец кој сака да го убие ‘срнчето Бамби’!“

Дисквалификацијата на Новак Ѓоковиќ од УС Опен и понатаму е тема број еден во тенискиот свет. Последен во низата кој коментираше околу целата ситуација е поранешниот шампио Енди Родик кој смета дека ненамерниот потег на Србинот многу ќе влијае на неговата репутација.

„Последните шест месеци за него беа ПР дебакл. Во овој период од кариерата кога секој ги сака Надал и Федерер многу долго, Новак на некој начин е негативец. Ѓоковиќ е човек кој сака да го убие ‘срнчето Бамби’ во очите на љубителите на белиот спорт. Беше несреќна ситуација. Делот кој ме вознемирува е тоа што разговараше 20 минути на начин на кој не се гледаше негова загриженост за дамата. Потоа не се појави ниту на прес-конференцијата за медиумите, што веројатно уште толку ја уништи целата ситуација“, изјави Родик. 

Новак Ѓоковиќ има тешка година бидејќи пред скандалот на УС опен, беше нападнат од светската јавност бидејќи во време на пандемија организираше тениски турнири во Србија и Хрватска со присуство на публика на кои поголемиот дел од учесниците завршија како позитивни на Ковид-19.

Се вчитува...