Ѓоковиќ ги израдува фановите на „белиот спорт“: Ќе играм во Австралија!

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ на почетокот од новата година ќе патува во Австралија каде ќе настапи на АТП купот кој е вовед за првиот Гренд слем во сезоната. Се разбира, ваквата вест го израдува фановите на „белиот спорт“.

АТП купот е екипно натпреварување и се одржува во Сиднеј, додека Гренд слем турнирот е во Мелбурн, а ограничувањата поврзани со корона вирусот се разликуваат од едното до другото место бидејќи имаат различни регионални власти.

Ова исто така не значи дека Ѓоковиќ е вакциниран, туку само дека ќе игра за Србија. Сепак, патувањето на една така далечна дестинација, без да има планови за Австралија Опен не е вообичаено, па оттука и надежта дека српскиот ас, сепак, ќе заигра на терените во Мелбурн.

Се вчитува...