Ѓоковиќ ги шокираше фановите со својата одлука – Србинот нема да оди во Австралија!?

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ нема да патува на претстојниот АТП куп во Сиднеј, кој започнува во сабота на 1 јануари, кога е планиран неговиот дуел со Норвежанецот Каспер Руда.

Оваа по малку шокантна информација ја пренесе „Блиспорт“, нагласувајќи дека првиот тенисер во светот се уште тренира, но дека речиси и да нема шанси на почетокот на годината да се појави во Австралија.

Останува да се види дали Ѓоковиќ ќе игра на Австралија опен, кој стартува на 17 јануари и кој го освојуваше во претходните три наврати.

Стравувањата поради вакцината и „тактиката“ да дојде во Мелбурн преку Сиднеј ја попречуваат можноста Србинот да стигне до четвртата последователна титула на првиот Грен слем сезонава.

Се вчитува...