Ѓоковиќ го испитуваат во Мелбурн, се помали шанси за влез во Австралија

Ситуацијата на Новак Ѓоковиќ прераснува во вистинска агонија. Последните информации кои стигаат од Мелбурн велат дека на крајот целата ситуација ќе заврши на штета на првиот тенисер во светот.

Како што пренесуваат новинарите во Австралија на драмата не и се гледа крајот, но се поизвесно е дека на крајот тој ќе мора да се врати во Србија.

„Во 5.30 часот, шест часа откако Новак стигна во Мелбурн граничната полиција се уште го испитува во собата. Ги проценуваат документите кои го поддржуваат неговиот исклучок од вакцинација. Изворот вели дека што подолго трае испитувањето помали се шансите дека ќе му биде дозволен влез во Австралија“, пренесуваат медиумите.

Конечната одлука ќе биде позната за два часа.  

Се вчитува...