Ѓоковиќ го избра Андре Агаси за нов тренер

Новак Ѓоковиќ најави дека нема да брза со изборот на нов стручен штаб по разделбата од Марјан Вајда, но британските медиуми обелоденуваат дека Србинот веќе го избрал својот нов тренер – и тоа поранешниот светски рекет број еден Андре Агаси.

Весникот „Дејли Телеграф“ како сензација ја обелодени веста дека Ѓоковиќ веќе ги договорил сите детали со Агаси, кој во најскоро време ќе почне да соработува српскиот ас.

„Телеграф“ не наведува изјави за потврда на веста, но британскиот весник тврди дека соработката е веќе договорена и би можела да стартува веќе пред Ролан Гарос.

Андре Агаси по завршувањето на кариерата остана дел од тенисот, отворајќи неколку школи ширум САД. Тој беше чест гостин на врвните тениски турнири, но соработката со Ѓоковиќ би била негов прв посериозен тренерски ангажман.

Се вчитува...