Ѓоковиќ го избра Зимоњиќ… се јави и Иванишевиќ: Новак ќе полудеше со нов тренер

Новак Ѓоковиќ изненади многумина со одлуката за разделба од Горан Иванишевиќ, а најдобриот тенисер на денешницата во меѓувреме избра нов тренер.

Србинот допатува во Монте Карло подготвуваајќи се за првиот Мастерс-турнир на земјена подлога во придружба на Ненад Зимоњиќ, прославениот српски тенисер кој беше специјалист за дубл во својата играчка кариера. Ѓоковиќ се уште не го официјализира договорот со Зимоњиќ, јасно е дека сонародникот ќе му биде тренер пред и за време на турнирот во Монте Карло, по што ќе биде донесена одлука колку ќе трае нивната соработка.

За целата ситуација свој коментар даде и Горан Иванишевиќ, давајќи му целосна поддршка на Зимоњиќ во оваа одговорна функција.

„Добро го познавам Зики, тој ми е голем тениски пријател, многу знае тенис, но она што е најважно – добро го познава Новак. Верувајте дека тоа е клучно, јас сум убеден дека на Новак не му треба нов тренер, бидејќи секако би им требало време да се навикнат еден на друг, Ѓоковиќ за десет дена би полудел, а тренерот не би знаел што се случува. Јас имам свој став – балкански тренер може да тренира секого, но балкански спортист мора да биде трениран само од личност од овие простори. Марјан Вајда е Словак, но со балкански менталитет, додека Борис Бекер многу добро функционираше со Новак затоа што од тениски аспект е многу интелигентна личност. Многу му помогна“, прокоментира Горан Иванишевиќ во изјава за „Спорт Клуб“.

Се вчитува...