Ѓоковиќ го осигура првото место на АТП листа на крајот на годината, на ред е рекордот на Федерер

Новак Ѓоковиќ 2020 година ќе ја заврши како број 1 на АТП листата. Тој во моментов е прв со 11.830 поени, скоро две илјади повеќе од второпласираниот Рафаел Надал, што значи дека Шпанецот во последните два месеци од годинава не може да го стигне.

Тоа значи дека српскиот тенисер шести пат ќе ја заврши годината на првото место на АТП листата со што ќе се израмни со легендарниот Пит Сампрас на врвот на вечната листа. Следува рекордот на Роџер Федерер за најмногу поминати недели на врвот, а за да го урне ќе мора да остане до март месец следната година на првото место.

Во топ 10 покрај Ѓоковиќ и Надал на најновата АТП листа се наоѓаат уште и Тим, Федерер, Медведев, Циципас, Зверев, Рубљов, Шварцман и Беретини.

Се вчитува...