Ѓоковиќ го „преслуша“ Раониќ и закажа јубилеен „50. класик“ со Федерер

Новак Ѓоковиќ е вториот полуфиналист на првиот грен-слем во сезоната Австралија опен, откако во четвртфиналето со максимални 3-0 по сетови (6-4, 6-3 и 7-6) славеше над канадскиот тенисер Милош Раониќ. Во првите два сета за Србинот беше доволен по еден брејк за да успее да ги впише до своето име на семафорот. Во третиот сет, Канаѓанецот пружи поголем отпор, успевајќи да го одведе во тај-брејк, но немаше сила за ништо повеќе.

Во полуфиналето Ѓоковиќ ќе се сретне со Роџер Федерер, кој претходно денеска во трилер меч, спасувајќи седум меч топки успеа да го мине Американецот, Тенис Сандгрен. Ова ќе биде јубилеен 50. натпревари меѓу двата аса, а досега Србинот има 26, наспроти 23 победи на Швајцарецот.

Се вчитува...