Ѓоковиќ го прелета првото коло во Монте Карло

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го победи Русинот Роман Сафиулин со 6-1 и 6-2 во првото коло на Мастерсот во Монте Карло.

Ова беше прв меч за Ѓоковиќ на земја сезонава, и прв од настапот на Индијан Велс каде во третото коло загуби од Италијанецот Лука Нарди.

Ѓоковиќ е прв носител во Монте Карло, и по откажувањето на Карлос Алкараз, и најголем фаворит за освојување на турнирот кој последен пат го освои уште во 2016 година.

Се вчитува...