Седумкратниот освојувач на Вимблдон Новак Ѓоковиќ, оваа година би можел да го пропушти тоа натпреварување. Како што пишува „Газета“, најдобриот тенисер наводно ќе го „жртвува“ Вимблдон, за што подобро да се подготви за Олимписките игри во Париз.
Ѓоковиќ наводно поради тоа ја завршил соработката со Горан Иванишевиќ, а целиот фокус ќе му биде насочен кон освојување на олимписко злато, кое му недостасува во својата пребогата кариера.
Наводно и Иванишевиќ не се согласил со мислењето на Новак, и токму поради тоа дошло до прекин на соработката.
Српскиот тенисер сигурно ќе игра на Ролан Гарос, кој ќе му биде како подготовка за олимипскиот турнир.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА