Ѓоковиќ го „среди“ и Де Минор за полуфинале во Монте Карло

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на третиот Мастерс 1000 турнир во сезоната кој се игра во Монте Карло.

Србинот во еден чуден меч кој нешто повеќе од два часа во четвртфиналето го совлада Австралиецот, Алекс де Минор со максимални 2-0, по сетови 7-5 и 6-4. Иако во првиот сет Ѓоковиќ беше далеку подобар противник првата брејк топка успеа да ја искористи дури во 12 гем, што на крајот беше доволно за освојување на сетот со 7-5. Вториот сет донесе вистинска клацкалка.

И двајцата тенисери се мачеа на свој сервис, а имаше дури шест брејка од кои дури пет беа во низа. И во оваа игра подобро се снајде Ѓоковиќ за освојување на вториот сет со 6-4 и конечен триумф од 2-0. Во полуфиналето Ѓоковиќ за противник ќе го има подобриот од дуелот меѓу Каспер Руд од Норвешка и Иго Умбер од Франција.

Се вчитува...