Доминик Тим стигна до првата грен-слем титула во кариерата откако во трилер финалето на УС опен по пет сета го совлада Александар Зверев. Со честитки за одличната партија на двајцата тенисери се јави и првиот рекет на светот Новак Ѓоковиќ кој е горд на тоа што го покажаа двајцата.
„Тоa e се што нуди спортот. Почит, благодарност, пријателство. И покрај големото ривалство и битката која ја водеа вчера овие двајца тенисери покажаа големо срце со кое инспирираа многу луѓе. Ви благодарам… И Доми и Саша што стоите цврсто зад вашите карактерни вредности и секогаш гледате што е најважно, а тоа е љубовта и почитувањето. Честитки и на двајцата за големото достигнување и фантастичниот меч што му го подаривте на светот“, напиша Ѓоковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА