Ѓоковиќ и Дел Потро се мачеа, но си закажаа дуел во осминафиналето во Акапулко

Хуан Мартин дел Потро ќе биде противник на Новак Ѓоковиќ во осминафиналето на АТП турнирот во Акапулко.

Аргентинецот во првата рунда со доста проблеми славеше против Таифо од САД, по три сета и нешто повеќе од два и пол часа игра, со 6-4,3-6,7-6.

Дел Потро сега во осминафиналето ќе се сретне со Ѓоковиќ кој исто така не беше на своето ниво, играше со осцилации, но го елиминираше Словакот Мартин Клижан, победувајќи со 6-3,7-6.

Се вчитува...