Ѓоковиќ и Надал ќе настапат во Монте Карло

Организаторите на мастерсот во Монте Карло ја објавија листата на тенисери кои ќе настапат на третиот турнир во сезоната, а на него место има и за Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

Шпанецот е апсолутен рекордер по бројот на титули на престижниот турнир со 11 зад неговото име, додека Србинот има само две титули во 2013 и 2015 година.

Покрај двајцата можеби и најдобри тенисери на светот учество на турнирот кој е закажан од 6. до 14. април ќе земат и Стефанос Циципас, Андреј Рубљов, Јаник Синер…

Се вчитува...