Ѓоковиќ играше два маратонски сета со Давидович-Фокина, но сепак славеше за осминафинале на Ролан Гарос

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Новак Ѓоковиќ се пласираше во османафиналето на Ролан Гарос откако со максимални 3-0, по сетови 7-6, 7-6 и 6-2 славеше над Шпанецот, Алехандро Давидович-Фокина.

Првиот сет како и против Мартин Фучович во 2. коло беше вистински маратон во кој по 1.25 час во тај брејк стигна до водство од 1-0 во сетови.

Вториот сет беше како пресликан. Иако Ѓоковиќ на 5-4 сервираше за негово освојување, Шпанецот се врати и на 5-6 имаше и сет топка која успеа да ја спаси Србинот, па по исто време (1.25 минути) поведе со 2-0.

Во третиот сет работата ја заврши многу побрзо (6-2) и со тоа обезбеди пласман во следното коло. Во осминафиналето третиот светски рекет за противник ќе го има подобриот од дуелот меѓу Хуркач од Полска и Варилас од Перу.

Се вчитува...