Првиот рекет на светот Новак Ѓоковиќ се наоѓа во Србија каде ги полни батериите за последниот дел од сезоната. Тој на средба со српските медиуми говореше за Асоцијацијата на професионални тенисери.
„Меѓу двата турнири во САД Вашек Поспишил и јас работевме на поставување на систем, структура. Постои голем отпор, доста луѓе се обидуваат да не уништат, обесхрабат и исечат во корен. Посебно во САД. Ова е идеја која постои околу 20 години. Иванишевиќ ми е тренер и тие пред 20 години ја имале истата идеја. Но, оттогаш до сега пропаднаа четири обиди“, изјави Ѓоковиќ.
Тој дополни и дека сака да бидат Федерер и Надал дел од асоцијацијата, но тие не прифателе. Самиот тој вели дека сака да ги има како дел од асоцијацијата, но нивно демократско право е да прават тоа што мислат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА