Ѓоковиќ има ново алиби за секој нов пораз

Новак Ѓоковиќ продолжи со серијата слаби игри на Мастерс-турнирите, но и со навиката за секој претрпен пораз да најде нов изговор. Така, по денешниот неуспех на турнирот во Монте Карло и елиминацијата од Давид Гофан, Србинот како причина за поразот ја наведе страната од теренот на која го одиграл клучниот гејм, губејќи го својот сервис за конечни 5-7 во решавачкиот сет.

Таа страна беше ужасна за играње, беше невозможно да се биде во ритам кога се наоѓав на тој дел од теренот. Тоа сигурно влијаеше врз мојот настап во клучните моменти“ – изјави Ѓоковиќ, кој како да заборави дека само неколку минути претходно Гофан играше на таа страна од теренот и рутински го доби својот сервис.

Лесно е да се биде расположен кога се победува, но да се биде „голем во поразите“, тоа е нешто што Ѓоковиќ очигледно допрва ќе треба да го научи.

Се вчитува...