Ѓоковиќ има ретка болест поради која не смее да се вакцинира

Се уште не стивнуваат реакциите за учеството на Новак Ѓоковиќ на Австралија опен како медицински исклучок. Србинот иако не е вакциниран доби дозвола да настапи на првиот гранд-слем во сезоната каде ќе ја нападне рекордната 21. титула.

Српските медиуми открија дека Новак Ѓоковиќ не смее да се вакцинира поради проблеми кои ги има со болеста целијакија.

„Новак има ретка болест. Српскиот тенисер добил медицинско изземање поради целијакија, хронична автоимуна гастроентеролошка болест која се карактеризира со неподносливост на организмот на глутен. Таа болест за малку ќе му ја уништеше кариерата. Новак успеа да докаже дека проблемот со целијакија може да предизвика сериозни компликации доколку биде вакциниран против ковид-19. Тој сево ова го поткрепи со потврда од научници од Кембриџ во која стои дека вакцината може да му наштети“, стои во текстот на српски „Курир“

Австралија опен ќе трае од 17. до 31. јануари, а првиот рекет во светот ќе се обиде да ја освои 10. титула на овој гранд-слем.

Се вчитува...