Ѓоковиќ испрати порака по победата на Ролан Гарос: Косово е срцето на Србија

Новак Ѓоковиќ потешко од очекувањата се пласираше во третото коло на Ролан Гарос, но и покрај тешкиот натпревар кој траеше повеќе од два и пол часа Србинот успеа да го совлада Александар Ковачевиќ од САД со 3-0.

По триумфот српскиот тенисер како и на Мастерсот во Рим каде оддаде почит за настраданите во нападот во ОУ „Владислав Рибниак“, се огласи за моменталните случување во српската јавност испраќајќи порака „Косово е срцето на Србија, стоп на насилството“.

Се вчитува...