Првиот рекет на светот Новак Ѓоковиќ е дисквалификуван од УС опен откако несмасно со топче ја погоди линиската судијка на мечот против Карено Буста. Ѓоковиќ кој загуби брејк за негатива од 6-5 во првиот сет во момент на нервоза го удри топчето кое заврши во лицето на линиската судијка. По целата ситуација се огласи и Србинот преку социјалните мрежи извинувајќи и се и на судијката и на организаторот, признавајќи дека погрешил.
„Целата ситуација прави да се чувствувам празно и тажно. Проверив како се чувствува судијката и според информациите кои ги добив таа е добро. Навистина ми е жал што и направив таков стрес. Не беше намерно. Беше погрешно. Сакам ова непријатно искуство да го претворам во животна лекција како би можел да продолжам да растам и да се развивам и како тенисер, но пред се како човек. Им се извинувам на организаторите на УС опен. Благодарен сум на тимот и моето семејство и навивачите кои секогаш се со мене. Ви благодарам и навистина ми е жал. Ова беше тежок ден за сите“, напиша Ѓоковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА