Ѓоковиќ ја одведе Србија до финалето на АТП купот (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Србија се пласираше во финалето на тенискиот АТП Куп откако најдобриот тенисер од оваа земја, Новак Ѓоковиќ со победата над Данил Медведев од 2-1 во сетови го обезбеди клучниот поен за вкупниот тирумф на српскиот состав над Русија во полуфиналната пресметка. Во финалето, Србија ќе се соочи со подобриот од мечот меѓу Австралија и Шпанија.

За Ѓоковиќ ова беше 20-та последовна победа во дресот на националниот тим. Со триумфот тој го комплетираше српскиот успех кој претходно го почна Душан Лајовиќ со победата о 2-0 во сетови над Карен Хачанов.  Србија оствари максимална победа од 3-0 во полуфиналето бидејќи во дуелот на двојки Никола Чачиќ и Виктор Троицки со 2-0 во сетови го победија рускиот тандем Константин Кравчук и Тејмураз Кабашвили.

 

 

 

 

Се вчитува...