Ѓоковиќ ја спаси Србија, го победи Надал, мечот во двојки ќе решава за АТП трофејот

Новак Ѓоковиќ  ја спречи Шпанија да дојде до титулата на АТП Купот и го одведе финалето во решавачкиот меч во двојки откако во вториот сингл меч го победи Рафаел Надал со 2-0 во сетови.

За решавачкиот меч во двојки се најавени и Ѓоковиќ и Надал. Во српскиот состав покрај вториот тенисер во светот е Виктор Троицки. Кај Шапнија со Надал во тандем е најавен Пабло Карено-Буста.

Во првиот сингл дуел, почетен триумф за Шпанија донесе Роберто Баутиста-Агут кој со 2-0 во сетови го победи Душан Лајовиќ.

Се вчитува...