„Ѓоковиќ ќе игра на УС опен, Надал не верувам“

Легендарниот американски тенисер Џон Мекенро смета дека српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе биде дел од годинашното издание на УС опен, но дека неговиот ривал Надал нема да дојде во Њујорк. Како што стојат работите во скоро време ќе продолжи тениската сезона која во март беше суспендирана поради пандемијата од коронавирусот.

„Верувам дека врвните тенисери ќе играат на двата големи турнири до крајот на сезоната УС опен и Ролан Гарос. Се надевам дека Новак ќе дојде и ќе биде дел од УС опен, за Надал искрено не сум сигурен. Рафа е најдобар на земја и таму е многу тешко да го добиеш. Ќе биде интересно да се види каква одлука ќе донесат на крајот, се може да се случи во следните неколку месеци“, изјави Мекенро. 

Роџер Федерер е најтрофеен тенисер во историјата со 20 освоени грен-слема. Надал има еден помалку од големиот ривал, додека Ѓоковиќ со освојувањето на Австралија опен стигна до бројката од 17.

Се вчитува...