Ѓоковиќ: Ќе ми требаат неколку дена да сфатам што сакам понатаму

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ дефинитивно го има еден од најслабите стартови на годината во неговата кариера. Откако не успеа да ја одбрани титулата на Австрлија опен, Србинот доживеа рана елиминација и на првиот АТП мастерс 1000 турнир во сезоната во Индијан Велс.

Доцна синоќа по средноевропско време Ѓоковиќ во 1/16 финалето беше елиминиран од младиот Италијанец Лука Нарди со 2-1, по сетови 4-6, 6-3 и 6-3. По сензационалната елиминација, Србинот изјави дека ќе му бидат потребни неколку дена да сфати што сака да прави понатаму.

„Да не освојам ниту еден трофеј до март месец во годината не е нешто на што сум навикнат. Вообичаено, во поголемиот дел од мојата кариера влегував во сезоната со освојување на гранд-слем или евентуално победа во Дубаи, или кој било турнир. Но, тоа е дел од спортот. Некои натпревари ги добиваш, некои губиш. Се надевам дека ќе победам повеќе и ќе продолжам понатаму. Како што стојат работите сега, ќе играм во Мајами, но ќе видиме во следните денови. Бев на теренот пред десет минути. Ми требаат ден или два за да сфатам што сакам понатаму“, изјави Ѓоковиќ. 

Се вчитува...