Новак Ѓоковиќ секогаш со голема почит зборува за Јаник Синер, а меѓу карактеристиките на италијанскиот тенисер, тој ја издвојува незаситната желба за напредок. Токму во овој детаљ српскиот ас ја наоѓа најголемата сличност меѓу себе и моментално еден од најдобрите играчи во светот.
Во интервју за италијанскиот „Кориере дела Сера“, Ѓоковиќ го анализираше развојот на Синер и резултатите што ги постигна во текот на претходните две сезони. Сепак, се чини дека е повеќе импресиониран од карактерот на 24-годишниот Италијанец и неговиот став кон секојдневната работа отколку од неговата доминација на теренот.
„Тој е целосно и постојано посветен на тенисот. Го гледам и целосно се препознавам во тоа: во желбата да напредува, да расте и да се развива во секој аспект“, рече Ѓоковиќ.
Српскиот тенисер верува дека Синер поседува особина што е неопходна за долгорочен престој на самиот врв – шампионски менталитет. Според него, Италијанецот не ги намалува своите стандарди дури ни по големите победи, туку секој ден бара начин дополнително да ја подобри својата игра.
„Јаник, како и јас, никогаш не е задоволен. Тој има менталитет на шампион, отсекогаш имал. Тој е доминантна сила, но секое утро се буди со желба да биде подобар од претходниот ден.“
Ѓоковиќ токму оваа глад за напредок ја означи како најважна заедничка карактеристика со Синер. Како што вели, дури и најголемите успеси не можат да го изгаснат тој вид мотивација.
„И верувајте ми, ниедна победа не може да го задоволи тој глад, дури ни 24 гренд слем титули. Кога станува збор за тенисот, токму тој аспект од неговиот карактер ме доближува до Синер.“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
