Ѓоковиќ конечно ги прокоментира константните провокации од Ник Кирјос

Новак Ѓоковиќ не го ни приметил Ник Кирјос кој од трибините го следел натпреварот во двојки од Дејвис куп пресметката меѓу Србија и Франција.

А, Кирјос како што пренесуваат дел од медиумите отворено се радувал на грешките на српските тенисери. Ѓоковиќ, околу сето тоа, потенцираше дека воопшто не му сметале провокациите на Кирјос и дека воопшто не го ни приметил контроверзниот Австралиец со грчко потекло.

„Да бидам искрен и не ми сметаше. Всушност и воопшто не го видов на трибините. После на социјалните мрежи видов дека бил присутен на мечот“ – рече Ѓоковиќ.

Според српскиот тенисер добро е што други тенисери доаѓаат да ги следат мечевите на своите ривали.

„Мислам дека е интересно што дошол на мечот и гледал дуел на други репрезентации. Добро е за атмосферата, а интересно им е и на присутните навивачи на трибините, како и на гледачите покрај малите екрани“ – дополни Ѓоковиќ.

Се вчитува...