Ѓоковиќ ладен како шприцер: Рекордот на Федерер не ми е важен

Новак Ѓоковиќ испиша историја со пласманот во четвртфиналето на Вимблдон откако го урна рекордот на Роџер Федерер и сега  тенисер со најмногу победи во историјата на британскиот гранслем (106).

Сепак, српскиот ас веднаш по мечот ладно одговори на прашањето поврзано со ова фантастично достигнување.

„Да бидам искрен, рекордот на Федерер воопшто не ми е важен. Секако дека сакам да победувам, но јас до претходниот меч воопшто и не бев свесен за овој рекорд. Фокусот ми е да играм добро и да победувам, воопшто не размислувам за рекордите“, изјави Новак.

Потоа, тој се осврна на својот настап во осминафиналето против Сафијулин, не криејќи дека очекува далеку подобро издание од себе на четвртфиналната пресметка со подобриот од дуелот меѓу третиот носител Оже Алијасим од Канада и Шпанецот Давидович Фокина.

„Не се чувствував баш добро на теренот. Уживањето и задоволството не беа дел од оваа победа. Секако, добро е кога се победува, но се мачев, ветерот исто така ми правеше проблеми. Сепак, најважен е триумфот, дури и кога се победува грдо“, прокоментира најдобриот светски тенисер на сите времиња

Се вчитува...