Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ по изненадувачкиот пораз од Лоренцо Сонего истакна дека за него влијаела и смртта на митрополитот Амфилохие.
Ѓоковиќ загуби убедливо со 6-2, 6-1 од 42. светски тенисер, а по мечот нагласи дека еднопоставно не можел да игра…
„Многу тажен ден за мене. Почитуваниот митрополит Амфилохие беше голем борец за православието и некој кој служеше како ѕвезда водилка за српскиот православен народ и српската православна црква во Црна Гора. Имав чест и радост да го познавам, да минувам време со него и да ја почувствувам прекрасната енергија која ја поседуваше. Мислам дека православието му должи барем да се сеќава на него и на се што направи, посебно во последно време, во она турбулентно време во Црна Гора. Затоа едноставно вчера не ми се играше. Тажната вест влијаеше на мене. Знам дека секако можев да играм, но некако не сакав. Многу чуден ден. Така е, како е, и продолжувам понатаму добро да се подготвам за Лондон“ – истакна Ѓоковиќ.
На митрополитот Амфилохие му беше потврдена зараза од коронавирусот на почетокот од овој месец, а пред десет дена го доби првиот негативен тест на вирусот. Тогаш српските медиуми објавија дека Србија и помогнала на Црна Гора во неговото лечење, и покрај запалението на белите дробови. Но, и покрај негативниот тест не ги издржа последиците на болеста.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА