Ѓоковиќ може се сам – Победа и во двојки за пласман на Србија во полуфиналето во Дејвис купот

Тениската репрезентација на Србија е третиот четвртфиналист на годинашното издание на Дејвис купот, откако вечерва во клучниот меч во двојки парот Ѓоковиќ/Чачиќ славеше над казахстанскиот дубл Нидовјесов/Голубев со 2-1, по сетови 6-2, 2-6 и 6-3.

Претходно денеска, Казахстан поведе со 1-0 откако во крајно интересен натпревар Кукушкин славеше над Кецмановиќ со 2-1 (7-6, 4-6 и 7-6), додека Ѓоковиќ без проблеми го совлада Бублик со 6-3 и 6-4.

Во полуфиналето Србија ќе се сретне со репрезентацијата на Хрватска која во првиот четвртфинален дуел беше подобра од Италија со 2-1.

Се вчитува...