Ѓоковиќ му оддаде почит на Коби Брајант

Новак Ѓоковиќ во моментов го игра четвртфиналниот натпревар на Австралија опен против Милош Раониќ. Српскиот „ас“ на Род Лејвер арената излезе во специјално дизајнирана тренерка со иницијалите на неговиот пријател Коби Брајант, со броевите „8“ и „24“ и едно големо срце.

Познато е колку беа добри пријатели двајцата и колку често Новак говореше дека легендарниот кошаркар има големо влијание врз неговата кариера. Брајант во неделата заедно со неговата ќерка Џана и уште седум личности загина во хеликоптерска несреќа во Калифорнија.

 

Се вчитува...