Новак Ѓоковиќ е максимално мотивиран во пресрет на турнирот во Пекинг, да покаже дека може се уште да игра на највисоко ниво по неколкуте слаби изданија на последните турнири на кои учествуваше српскиот тениски великан.
Новак има импресивни 29-0 во Пекинг,но нема настапено 11 години во кинеската метропола и сега ќе се обиде по повеќе од една деценија да ја продолжи победничката серија.
„Засега се чувствувам добро. Ме радува што сум повторно во Кина, секогаш сум се чувствувал добро во оваа земја, мојот скор на кинеското тло доволно говори. Тоа ми ја дава и потребната самодоверба, која ми е навистина потребна. Се уште сум во фазата од кариерата каде уживам да играм, но не е се во уживањето… ако беше така јас ќе играв егзибициски мечеви и ќе ја забавував публиката. Вистината е дека јас се уште сакам да победувам и верувам дека сум способен да победувам, тоа ми е примарен мотив, да стигнам што подалеку на секој турнир на кој што учествувам. Така било секогаш и така ќе биде се додека играм на највисоко професионално ниво“, изјави Ѓоковиќ.
Прв протвиник на српскиот ас во Пекинг ќе биде Нуњо Боргеш од Португалија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
