Ѓоковиќ не можеше се сам, Србија елиминирана од Хрватска во Дејвис купот

Хрватска е првиот полуфиналист во Дејвис-купот откако по голема битка славеше над Србија со 2-1 во победи. Новак Ѓоковиќ беше главен адут на Србите, но прворангираниот светски тенисер немаше сили самиот да ја одведе својата селекција во следната рунда.

Ѓоковиќ го доби сингл дуелот со Чилиќ со 2-0 во сетови, но Лајовиќ прокоцка предност од 1-0 во сетови во вториот сингл против аутсајдерот Гојо (279. тенисер на АТП-листата).

На крајот решаваше дубл-пресметката, за која српскиот селектор Троицки донесе неочекувана одлука, во последен момент вклучувајќи го Крајиновиќ како партнер за Ѓоковиќ, изоставувајќи го Ќачиќ, кој важи за најдобар дубл-тенисер на нашиот северен сосед. Хрватите знаеја како да го искористат тоа, па со дубл-победата на Мектиќ – Павиќ од 7-5, 6-1 се пласираа во полуфиналето.

Се вчитува...