Ѓоковиќ: Не можев ни да сонувам дека на 37 години ќе бидам најдобар во светот

Новак Ѓоковиќ импресивно го почна настапот на турнирот во Монте Карло декласирајќи го Ромас Сајфиулин со 6-1, 6-2, најавувајќи дека е максимално подготвен за серијата турнири на земјена подлога.

Ова беше прв меч на Ѓоковиќ по разделбата со тренерот Горан Иванишевиќ, а во изјавата по мечот Србинот се осврна и на фактот дека на 37-годишна возраст се уште се наоѓа на првото место на АТП-листата.

„Се уште се натпреварувам на највисоко ниво. Имам речиси 37 години, а сум прв на листата, искрено за такво нешто никогаш не сум сонувал ниту пак сум помислувал дека е возможно. Сиот тој труд, посветеноста на спортот, одржувањето на телото, сето тоа дава резултат. Бев способен да ги поместам границата на својата долговечност и да си ја продолжам кариерата за неколку години“, изјави Ѓоковиќ.

Негов следен противник во Монте Карло ќе биде победникот од вечерашната пресметка меѓу Италијанецот Мусети и Французинот Филс.

Се вчитува...