„Ѓоковиќ немаше храброст, побегна како дечко кој раскинува со мејл“

Легендарната чешка тенисерка Мартина Навратилова даде свој став околу дисквалификацијата на Новак Ѓоковиќ од УС опен. Навратилова смета дека Новак морал да се појави на прес и пред новинарите да даде свој став околу целата ситуација.

„Направи грешка Новак во дел од секундата, имаше време да размисли, но побегна. Немаше храброст да дојде на конференцијата за медиуми и да го објасни својот потег. Тоа е како извинување без извинување. За мене е тоа како да раскинувате со девојка преку мејл. Тоа не се прави така“, изјави Навратилова. 

За потсетување Србинот беше дисквалификуван откако при негатива од 6-5 во првиот сет против Карено Буста несмасно ја удри линиската судијка со топче.

Се вчитува...