Ѓоковиќ неприкосновен, Србинот продолжува да испишува историја во машкиот тенис

Најдобриот тенисер на денешницата Новак Ѓоковиќ продолжува да го зголемува сопствениот рекорд по бројот на недели поминати на врвот на светскиот тенис. Тој денес ја започна 351-та недела како прв тенисер во светот.

Српскиот тенисер по седми пат во својата кариера годината ја завршува на лидерската позиција на АТП листата – најмногу во историјата на тенисот. Ѓоковиќ на 8 март годинава го надмина Швајцарецот Роџер Федерер по бројот на недели поминати на врвот на АТП (310) и оттогаш само го зголемува рекордот.

Пред него, единствена во историјата на тенисот е Германката Штефи Граф, која на првото место минала 377 недели.

Српскиот тенисер со 11.540 бодови ја чува првата позиција и има 2.900 бодови повеќе од второпласираниот Русин, Данило Медведев. Потоа следуваат Германецот Александар Зверев, Гркот Стефанос Циципас и Русинот Андреј Рубљев, а меѓу првите десет во светот се уште Рафаел Надал, Матео Бератини, Каспер Руд, Хуберт Хуркач и Јаник Синер.

Се вчитува...