Ѓоковиќ: Никогаш нема да кажам дека сум најдобар во историјата

Новак Ѓоковиќ на гостувањето на емисијата на Пирс Морган доби интересно прашање побрзано со вечната дебата за кој е најдобриот тенисер во историјата.

Многумина сметаат дека првото место апсолутно му припаѓа само на Србинот, но најтрофејниот грен-слем шампион нема такво мислење.

„Често го добивам тоа прашање во последните неколку години. Има многу статистички податоци, луѓето ги споредуваат Надал, Федерер и мене, пред се поради се што успеавме да оствариме. 

Луѓето сметаат кој колку трофеи освои на грен-слем турнирите, кој најдолго бил број 1 и слично. Јас секогаш имам ист одговор кога ќе се спомене таа дискусија. Ќе кажам повторно. Никогаш нема да кажам дали сум најдобар во историјата или не, бидејќи не сум во позиција да го кажам тоа“, изјави Ѓоковиќ кој потоа и ја објасни причината.

„Мислам дека тоа претставува непочитување на генерациите кои го трасираа патот за Рафа, Роџер, мене и на другите. Тенисот помина низ големи промени во последните 15 години. Тие се огромни од аспект на брзината, подготвеноста на играчите, опремата. Тимовите околку тенисерите сега се професионалци. Времето се менува и науката за спортот напреднува“.

Се вчитува...