Ѓоковиќ: Олимписките игри во Париз се приоритет за мене оваа година!

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ вели дека негов приоритет оваа година ќе бидат Летните олимписки игри во Париз.

Ѓоковиќ нагласува дека по бронзата во Пекинг 2008, па и двете полуфиналиња во Лондон 2012 и во Токио 2020, сега дефинитивно посакува да се закити со златниот олимписки медал како круна на својата богата кариера.

„Олимписките игри во Париз се приоритет за мене. На последните три или четири настапи на олимписки игри не успеав да стигнам до финалето, но сега ситуацијата е малку поинаква. Ова ќе бидат први Игри на земјена подлога и јас сакам да бидам максимално подготвен физички и психички“ – вели Ѓоковиќ.

Олимпискиот турнир во Париз ќе се игра на терените на Ролан Гарос, што е секако во корист на Ѓоковиќ.

„Се е насочено кон подобрување на мојата игра на земјениte терени. Сакам да го достигнам мојот врв вo Париз, тоа е местото каде што сакам да го играм најдобриот тенис. Се друго оваа година ќе биде бонус за мене“ – дополнува српскиот тенисер.

Се вчитува...