Ѓоковиќ откри што ќе прави по завршувањето на тениската кариера

Првиот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ откри што ќе прави по завршувањето на тениската кариреа. Тој изјави дека не планира да го напушти тренерот и дека сака да се проба во тренерските води.

„Навистина се радувам на следната фаза од мојот живот, односно завршувањето на тениската кариера. Во Белград имам тениски клуб кој набрзо ќе прерасне во академија, имам големи планови со него. Знам дека тенисот многу ми даде и сакам тоа да го пренесам и на младите генерации, а посебно во Србија и на Балканот. Сакам да се пробам и во тренерските води“, изјави Ѓоковиќ. 

Ѓоковиќ оваа сезона ќе ја заврши со настапот на АТП завршниот турнир во Лондон кој на програмата е од 15. до 22. ноември.

Се вчитува...