Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ потврди дека ќе настапи на претстојниот турнир од мастерс серијата 1000 во Пекинг.
„Многу сум среќен што можам да објавам дека се враќам во Пекинг и што ќе играм пред вас во Националниот тениски центар. Ова е место на кое имам неверојатни спомени и големи успеси во текот на кариерата“, објави Ѓоковиќ на својот профил на Инстаграм.
Новак последен пат настапи на мастерсот во Пекинг пред 11 години и шестпати го креваше шампионскиот пехар. Тој титулите ги освојуваше во 2009,2010, 2012,2013, 2014 и 2015 година.
Интересно е што Ѓоковиќ нема пораз на мастерсот во Пекинг, тој има перфектен учинок од 29 победи во 29 меча.
Турнирот во Пекинг ќе се одржи од 30 септември до шести август.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
