Ѓоковиќ по поразот: Тој проблем ме мачи со години…

Новак Ѓоковиќ неочекувано претрпе пораз на првиот меч во Синсинати губејќи од Аргентинецот Тиранте, меч на кој на површина повторно испливаа здравствените проблеми на српскиот тениски великан.

Високите температури му создаваа огромни проблеми на Новак, кој жалеше дека нозете му откажуваат, а за време на медицинскиот тајмаут мораше да му биде мерен и притисокот откако тој се пожали дека му се заканува целосен колапс на телото.

„Пред се, честитки на противникот. Искрено, ова воопшто не беше пријатен меч за мене, така се чувствував и не ми беше првпат, верувам дека нема да биде ни последен. Временските услови не беа пресудни. Едноставно, станува збор за здравствен проблем што го имам, што ме мачи веќе неколку години наназад. Имам сериозни проблеми, особено кога е голема влажност на воздухот и жештина, уште кога на тоа ќе ја додадете нервозата… Сето тоа ми се случи, ми се собра и се одрази на овој меч“, изјави Ѓоковиќ.

Се вчитува...