Ѓоковиќ победи со загубен сет, Стивенс елиминирана од Австралија Опен

Новак Ѓоковиќ ја почна одбраната на круната на Австралија Опен со победа од 3-1 над Жан Ленард Штруф од Германија. Србинот се соочи со проблеми во првиот сет, што го доби дури во тајбрејк, за потоа да слави со 6-2 во вториот и да најави убедлива победа. Сепак, Ѓоковиќ се соочи со неочекувани проблеми во третиот сет, кога противникот му направи три брејка и триумфираше со 2-6. Сепак, тоа беше се што Штруф успеа да стори на овој натпревар бидејќи бранителот на трофејот рутински го одработе четвртиот сет, добивајќи го со убедливи 6-1.

Србинот ќе има лесна задача и во второто коло, каде ќе го очекува подобриот од дуелот меѓу Тацума Ито од Јапонија и Прајнеш Гунесваран од Индија.

Својот настап на овој гранслем турнир уште во првото коло го заврши поранешната шампионка на УС Опен, Слоун Стивенс. Американката поведе со 1-0 на дуелот со Жанг, но ривалката од Кина потоа целосно ја презеде контролата и направи целосен пресврт (5-7, 2-6).

Се вчитува...