Ѓоковиќ погоден во глава со капче додека делеше автограми (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ имаше непријатна ситуација додека потпишуваше автограми за фановите пред стартот на турнирот од серијата мастерс 1000 во Пекинг.

Имено, Новак по завршување на тренингот дојде до фановите за да им подели автограми, а во еден момент, еден од гледачите кој не успеа да дојде до првиот ред, фрли капче кон Ѓоковиќ кое го погоди во главата.

Новак беше изненаден од потегот, но не реагираше бурно туку само упати поглед кон лицето кое го фрли капчето.

Затоа, неговиот соработник, Гомес Ерера реагираше експресно и им покажа на луѓето од обезбедувањето кој го фрли капчето по што лицето беше оддалечено од трибините.

 

 

 

Се вчитува...