Ѓоковиќ повторно говореше дали ќе учествува на Австралија опен

Србија загуби од Хрватска со 2-1 во полуфиналето од годинашното издание на Дејвис купот. Првиот рекет на светот, Новак Ѓоковиќ на прес-конференцијата по мечевите, покрај за Дејвис купот беше запрашан и за тоа дали ќе учествува на Австралија опен.

Позната е ситуацијата околу ковид протоколите и тоа дека во Мелбурн нема да примат невакцинирани тенисери, а се уште е мистерија дали Србинот е вакциниран.

„Следните денови ќе се обидам да ги искористам за да се опоравам и малку да заборавам на тенис. Знам дека сакате да чуете одговор за тоа кога и каде ќе ја почнам следната сезона. Уморен сум од целата сезона и сакам следниот период да го поминам со семејството. Ќе бидете навремено информирани за тоа каде ќе ја почнам следната сезона“, изјави Ѓоковиќ.

Австралија опен е закажан за периодот од 17. до 30. јануари следната година.

Се вчитува...